info@skymusic.mk * 02 324 8118

Плаќање

Начин на плаќање

Начин на плаќање
  1. Кредитни и дебитни картички

Вашата трансакција ќе биде процесирана со помош на системот за наплата од кредитни картички на ПРОКРЕДИТ Банка, што е овозможен и поддржан преку безбедниот систем за картични трансакции. Нашиот доверлив партнер ПРОКРЕДИТ Банка е единствената институција која доаѓа во допир со Вашите финансиски податоци (број на кредитна картичка). Пред да започнете со плаќање и внесување на бројот од кредитната картичка ќе бидете пренасочени на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење. Плаќањето се одвива со едноставно внесување на податоците од вашата картичка во формуларот кој се појавува откако ќе се одлучите да го купите производот, кој претходно се наоѓа во вашата кошничка, и ќе го одберете методот на испорака. Вашиот производ ќе ви биде испорачан директно до адресата која ја имате наведено за испорака.
НАПОМЕНА: Доколку адресата на испорака се разликува од адресата за наплата или адресата на носителот на картичката (во случај на подарок, службена картичка итн.) во формата за плаќање на производите внесете на која адреса сакате да се испорачаат производите. СМКМ ДООЕЛ прифаќа трансакции со следните картички:
• Visa (Electron, Classic, Business, Gold)
• MasterCard (Standard, Business, Gold)
• Maestro

При трансакциите се користат сертификатите за безбедносните програми MasterCard SecureCode како и Verified by Visa, со кои Ви обезбедуваме максимална сигурност и безбедност на трансакции со картички кои ќе поминуваат преку нашата веб страна.

  1. Плаќање при испорака
    Овој начин овозможува плаќање во готово при испорака на производите. Ве молиме при креирањето на профилот и нарачката да внесете точни податоци за адреса и телефон како би можеле да Ве контактираме за понатамошниот тек на нарачката.
  1. Директно плаќање преку банка
    Со овој начин можете да ја извршите вашата уплата директно на нашата банкарска сметка. Ве молиме употребете го БРОЈОТ НА НАРАЧКАТА како референца за плаќањето. По верификација на уплатата Вашата нарачка ќе биде веднаш испорачана.