Искористете и до 40% ПОПУСТ Нова палета на производи * Понудата трае ограничено време.

About Us

Sky Music Center

Ви благодариме за Вашата посета и интерес за нашата интернет страница. Во јануари 2017 година најголемиот продажен салон за музичка опрема на Балканот ги отвори вратите за сите љубители на музиката и во главниот град на Македонија – Скопје. Музичарите и професионалците  кои долги години чекаа на продажен простор од ваков вид можеа конечно да добијат пристап на најкомплетната единствена понуда на голем избор на музички инструменти.

 

Во нашиот продажен салон, можете да ги најдете буквално сите инструменти што ви се потребни: од гитари, клавијатури, тапани, озвучување за клубови или ресторани и диџеј опрема па се до осветлување – апсолутно сè на едно место.

 

Sky Music Center нуди голем избор на сите водечки брендови на музички инструменти и придружна опрема, од врвни акустични, бас, електрични и класични гитари, пијана, синтисајзери, клавијатури, аранжери и тапани, до засилувачи, ефективно и интелигентно осветлување, диџеј и студиска опрема.

 

Познатите музичари кои поставуваат трендови се инспирирани да го надградат својот стил со модерна и напредна технологија од најновата генерација и затоа Sky Music Center е првиот избор на врвните професионалци и експерти во светот на музиката, а најголемите настапи и концерти се направени токму со опремата купена во Sky Music Center.

 

Музичарите и оние кои сакаат да станат такви, секогаш можат да побараат совет од нашите професионални продавачи за најдобрата и најприфатлива опција, создадена според нивните желби, барања и потреби. Нашите продавачи, кои се и врвни музичари, се тука да ви го дадат вистинскиот совет при изборот и да ве упатат до крајната цел – да го пронајдете вистинскиот инструмент, озвучување или опрема.

 

Особено сме горди на изложбено-продажниот салон, кој е подготвен и ориентиран како за врвни изведувачи и музичари, така и за почетници. Тие се класифицирани по музички сегменти и ви даваат можност да го споредите секој инструмент и да ги тестирате вашите музички вештини и способности.

 

Популарно е да се каже сè на едно место, но ќе се уверите дека навистина е така уште на првата нота. Музиката не е само она што го слушаме, туку и она што го гледаме … квалитетот е на прво место!

 

Нашиот тим на Sky Music Center Ве очекува во нашиот продажен простор во ГТЦ.

Принципи на работењето

ПОСВЕТЕНА УСЛУГА

Консултирајте ги нашите специјалисти за помош со нарачка, приспособување или совет за дизајн

БЕСПЛАТНО ВРАЌАЊЕ

Ние стоиме зад нашите стоки и услуги и сакаме да бидете задоволни со нив.

БРЗА ИСПОРАКА

Нашите производи се испорачуваат практично во истиот ден од нарачката, а договорот со КАРГО Експрес овозможува испорака низ цела Македонија за еден работен ден

Споделување