Услови за испорака
- При примањето на производот примачот е должен да го провери производот од евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг на некој дел (доколку производот е составен од неколку делови). Доколку е констатиран недостаток, примачот е должен веднаш да го пријави недостатокот.
- Пред испорака на производот купувачот може да биде контактиран телефонски за часот и денот на испорака.
- Начинот, трошоците и времето потребно за испорака ќе бидат наведени пред да се изврши наплата на производите, а ќе бидат пресметани во зависност од растојанието на локацијата на магацинот до дестинацијата на потрошувачот.
- Максималното време на испорака во Македонија не може да биде повеќе од 3 работни денови од моментот на правењето на нарачката или до 30 работни денови за други земји.
- Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.
- Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден.
- Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.
- СМКМ ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена (45 дена за други држави) од моментот на правењето на нарачката.
- Доколку има доцнење на испораката СМКМ ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.
- За сите прашања во врска со испораката можете да се обратите преку контакт формата.